Факултетот е основан за да понуди извонредност во образованието за економија и бизнис. Неговите активности вклучуваат истражување, подипломски студии, кратки курсеви за менаџери и советувања.
Во моментот нудиме три програми.

Универзитетот е лоциран на приватно земјиште од 16.000м², прилагодено специјално за да го олесни современото начин на учење. Нашиот факултет е сместен во студентскиот комплекс на Интернационалниот Грчки Универзитет. Лоциран е на 14-от км. на автопатот Солун-Мудања.
Нашите простории се отворени за посетители во текот на целиот ден. Можете да закажете средба со нашиот персонал за да ве запознаат со локацијата и за да ви ги дадат сите потребни информации.
Универзитетот е опремен со најнова информатичка технологија, он-лајн бази на податоци како и одличен центар за наставно истражување кои нудат богат и современ избор на книги, весници и бизнис известувања.
Направете го првиот чекор кон Магистерската титула земајќи учество на информативните средби. Средбите кои се одржуваат во студентскиот комплекс, ви пружаат можност да се запознаете со студентите, со факултетот и наставниот кадар и да присуствувате на еден од наставните часови.
Но, доколку не сте во можност да дојдете во IHU, ќе дојдеме ние кај вас. Нудиме средби за информирање на мали групи во поголемите градски области, како во Грција, така и во странство. По презентацијата следи дочек, во кој обично учествуваат локални и бивши студенти. Учествувајте на презентацијата водена од член на факултетот или од Директорот на програмата и поставете ги вашите прашања.
Во текот на целата година, по ваше барање, можете да закажете индивидуални средби со наставниот кадар.
|